Утрински Весник
Македонија

Попова: Шилегов плаќал како да купува злато, најскапиот тревник во светот чини 530 илјади евра

Попова: Шилегов плаќал како да купува злато, најскапиот тревник во светот чини 530 илјади евра

14 мај 2020 

Ова зад мене е најскапиот тревник во светот. Овој тревник заедно со содржините на него скопјани ги чини неверојатни 33 милиони денари, односно над 530 илјади евра. Оваа трева не е златна, ниту се златни содржините на него, а истите скопјани ги чини цели 530 илјади евра. Што значи дека еден метар квадратен трева чини 6.600 денари односно 110 евра.

За илустрација со 530 илјади евра може да се изгради монтажно училиште, или пак амбуланта какви што им се потребни на скопјани. Овој тревник чини 110 евра по метар квадратен, а метар квадратен за градба на училиште на пример изнесува 70 евра. Сето ова отвора сомнеж за корупција и криминал. Петре Шилегов стои зад најскапиот тревник во светот, а гледаме дека освен зелена трева, клупи и дрворед нема ништо атрактивно.

Шилегов плаќал како да купува злато, а има само зелена трева, најскапиот тревник во светот скопјани ќе ги чини неверојатни 530 илјади евра.

Се поставува прашањето во чии џебови отидоа парите од вака скапиот парк. Кој веројатно ќе влезе во гинис и тоа не само како најнефункционален парк бидејќи се наоѓа на самиот плоштад туку и како најскап парк во светот.

Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме