Утрински Весник
Македонија

Железници на РСМ Транспорт: Возот удри во возило кое претходно паднало од регионалниот пат

ЖРСМ Транспорт: Незаконски прекинот на железничкиот сообраќај

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Железници на РСМ Транспорт во врска со несреќата кај Велес денеска соопшти дека возот удрил во возило кое претходно паднало од регионалниот пат Велес-Градско по што возот запрел на лице место и машиновозачот го пријавил случајот кај надлежните.

– Возот со број 40762 кој сообраќал на релација Гевгелија Трубарево, во месноста помеѓу Згрополци и Велес, на километар 506+200, удрил во патничко моторно возило марка Рено, кое излетало од регионалниот пат Велес- Градско и паднало во колосек. Во тој период наидува горенаведениот воз и удира во патничкото моторно возило од левата страна од возната локомотива 443-002. Возот запрел на лице место, по што машиновозачот настанот веднаш го пријавил на машински оперативец и ТК диспечер, кои потоа несреќата ја пријавиле во ПС Велес, се наведува во соопштението.

На местото на несреќата пристигнале екипи на Службата за итна медицинска помош, противпожарната служба и Комисија за вонредни настани при ЈП за железничка инфраструктура железници на РСМ и Железници на РСМ Транспорт АД Скопје.

– Како бевме информирани, во возилото имало четири возрасни лица и малолетно дете од две години, велат од Железници на РСМ Транспорт. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сушниот и топол период продолжува во Македонија, постои опасност од појава на нови шумски пожари

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин кој беше на лекување во Виена 

Мицкоски, Мисајловски и Агелер во посета на касарната „Јане Сандански“ – Штип