Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) На 13.05.2020 во 23:45 часот, за време на забраната за движење, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Св. Кирил и Методиј“ го лишиле од слобода Д.А.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 13.05.2020 во 12:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк го лишиле од слобода Д.М.М.(35) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.05.2020 во 19.05 часот на железничка пруга Градско-Велес, на околу два километри пред влез во Велес, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје и патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(22) од Куманово, кое претходно изетало од патот и паднало на пругата. По незгодата, возачот Б.Д. и сопатниците А.К.(25), С.К.(21) и тримесечно бебе, сите од Неготино и Ш.М.(27) од Куманово биле пренесени во Медицински центар Велес, при што кај возачот Б.Д. и бебето биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останатите сопатници се констатирани телесни повреди. Во периодот од 19.05 до 23.40 часот, за време на вршење на увидот, железничкиот сообраќај бил во прекин.

На 13.05.2020 во 00:35 часот на ул.„Крушевска Република“ во Струмица се случила сообраќајна незгода во која М.Т. (28) од Струмица, управувајќи мотоцикл „хонда“, со бугарски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. По незгодата, М.Т. и сопатникот Ј.Д.(28) од Струмица биле префрлени во Медицински центар Струмица, каде на Ј.Д. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на М.Т. телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Струмица.

На 13.05.2020 во 16:30 часот било пријавено дека во с.Лисец, тетовско, додека Б.Ј.(30) обработувал земја, пронашол една кородирана рачна бомба, без ознаки. Од страна на стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување Тетово експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка.

На 13.05.2020 во 19:20 часот во СВР Скопје, К.Н. од Скопје пријавил дека во дворот од неговата куќа на ул.„Тодор Александров“ во Скопје го пронашол Д.Ф.(83) од Скопје, за кој истиот ден било пријавено дека се оддалечил од домот.

На 13.05.2020 околу 14:15 часот на ул.„Страшо Пинџур“ во Кавадарци, од страна на полициски службеници бил лишен од слобода Ѓ.Л.(51), бидејќи физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.05.2020 во 21:35 часот во Полициското одделение Маврово било пријавено дека на регионален пат Маврово-Маврови Анови, на совозачкото седиште во паркирано патничко возило „тојота“, со скопски регистарски ознаки, бил затекнат повреден М.В.(54) од Скопје. По кажување на возачот на возилото О.Р.(45) од Скопје, додека двајцата, заедно со Н.Д.(29) од с.Маврово, биле на место викано „Тонивода“, атар на с.Галичник, каде пукале во мета, М.В. се повредил од ловна пушка карабин, сопственост на О.Р. Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му била констатирана тешка телесна повреда. За настанот е известен Јавен обвинител, а од полициски службеници од СВР Тетово ловната пушка била подигната за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.05.2020 во 07:45 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(48) од Скопје, возач на автобус, пријавил дека околу 07:40 часот на автобуска постојка на бул.„Кузман Јосифоски Питу“ се запалил автобус „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Според пријавеното, Д.Ј. се обидел да го изгаси пожарот, при што се здобил со повреди и бил пренесен Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 13.05.2020 во Полициска станица Битола, Д.С.(61) од с.Лавци, битолско, пријави дека пред куќата каде што живее бил каснат од куче во пределот на десната рака.

На 13.05.2020 во 18:15 часот во Полициската станица Центар, А.П.(24) од Скопје пријавила дека на бул.„Македонија“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница. фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ