Утрински Весник
Македонија

На пазарот во Гевгелија денеска само продавачи од регионот

На пазарот во Гевгелија денеска само продавачи од регионот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гевгелија, 14 мај 2020 (МИА) – Редовниот пазарен ден во Гевгелија денеска се одвива како и во изминатите три седмици со доследна примена на заштитните мерки од корона вирусот, а новост е тоа што покрај земјоделските производи беше дозволена продажба и на текстилни производи.

– Дозволивме денеска, за прв пат од воведувањето на вонредната состојба, текстилни производи да понудат продавачи само од општините Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран кои потврдено во моментот немаат заболени од Ковид-19 што би била само една превентивна заштитна мерка додека не се нормализира состојбата, рекоа од комуналното претпријатие кое стопанисува со Градскиот пазар во Гевгелија.

Според утврдениот ред, утрово од 7 до 9 часот беше дозволен дотур на производите до тезгите, а за потрошувачите пазарот е отворен од 9 до 14 часот. Дициплинирано се применуваат мерките за заштита од ширење на корона вирусот. На влезот во пазарот се вршеше задолжителна дезинфекција, а заштитни маски носеа и продавачите и купувачите. им/аа/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Круме Ристовски, татко на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години

11 години затвор за моторџијата што прегази пешак на кејот на Вардар и побегна

Отворени граничните премини Евзони и Ники кон Грција