Утрински Весник
Македонија

Вработените во гевгелиските детски градинки ќе се тестираат од Ковид-19

Вработените во гевгелиските детски градинки ќе се тестираат од Ковид-19

Гевгелија, 14 мај 2020 (МИА) – Со цел да се изработи протоколот за работа на детските градинки и нивно ставање во функција, утре почнува скринингот од Ковид-19 за персоналот од ЈОУ „Детска радост“ поточно од трите градинки во Гевгелија и клоновите во Негорци, Миравци и Богородица.

Скринингот, беше речено, ќе се прави со тестови според ПСР техниката заради идентификување на асимптоматски носители на вирусот доколку ги има.

– Со скринингот ќе бидат опфатени околу 100 вработени во градинките во општина Гевгелија. Во договор со ПЕ на Центарот за јавно здравје тестирањето ќе се одвива четири дена. Ќе почне утре,15 мај, а потоа ќе продолжи во понеделник, вторник и ќе заврши во среда на 20 мај, рече Бети Стоименова, директорка на ЈОУ „Детска радост“.

Тестирањето ќе се врши во пунктот на ПЕ на центарот за јавно здравје во Гевгелија каде брисеви на вработените ќе се земаат во дефинираното време од 8 до 14 часот. им/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Какво време нè очекува денеска? Облаци, сончеви периоди и југозападен ветер