Утрински Весник
Македонија

Водостоите на реките пониски од просечните

Намалено нивото на реките, езерата во рамки на просекот

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Водостоите на реките во земјава се пониски од просекот за мај и воглавно имаат благо отстапување во позитива или негатива во однос на вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок е реката Бабуна на мерното место кај Богомила каде нивото е речиси двојно повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец.

Водостојот на природните езера во земјава е ист како вчера со тоа што кај Дојранското и Охридското Езеро е повисок од просечниот и тоа за 2,93 метри кај Дојрансото, односно за еден сантиметар кај Охридското, додека кај Преспанското Езеро е за 96 сантиметри понизок од просекот за мај. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со велосипед удрил во паркиран автомобил – малолетник од Франција тешко повреден

АХВ вратила 10 тони јагнешка кожа што требало да мине низ Македонија

Трагедија што можела да се спречи? Соседи, мајка и дете со бројни пријави за насилство