Милано, 14 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот Лаутаро Мартинез сака да замине во Барселона. Како што е објавено на насловната страница на „Мундо Депортиво“, Лаутаро побара од Интер да ги отфрли предлозите за трансфер добиени од Манчестер сити и ПСЖ.
Аргентинецот им порача на претставниците на клубот дека Интер да не ги разгледува понудите од другите тимови.
Барселона веќе подолго време работи на трансферот на Лаутаро и сега се обидува да преговара со Интер за условите за трансфер на играчот.
Претходно излегоа информации дека Барса е подготвена да му дава плата на Лаутаро 10 милиони евра годишно.
Оваа сезона Мартинез настапи на 22 натпревари во Серија А за Интер, постигнувајќи 11 голови и четири асистенции. зс/