Утрински Весник
Спорт

Румениге трие раце: Милијарди ќе ја гледаат Бундеслигата

Румениге: Треба да размислиме за намалување на платите

Минхен, 13 мај 2020 (МИА) – Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге предвидува дека „милијарди“ луѓе ќе ги гледаат натпреварите од Бундеслигата на телевизија кога шампионатот ќе биде продолжен овој викенд.

Германскиот шампионат е првиот што ќе продолжи за време на пандемијата КОВИД-19, поради која запре скоро секој спорт во светот од средината на март.

– Бундеслигата е првиот голем шампионат што продолжува. На овој начин, Бундеслигата ќе биде единственото фудбалско првенство на телевизија во светот и претпоставувам дека ќе имаме публика од милијарди луѓе. Тоа ќе биде реклама не само за нашиот фудбал, туку и за целата земја, особено за германските политичари, кои го направија тоа можно со нивниот многу добар пристап, рече Румениге.

Сезоната во Првата и Втората Бундеслига ќе биде обновена овој викенд, а во првото коло од рестартирањето на првенството љубителите на фудбалот ќе бидат сведоци на одлично дерби – Борусија Дортмунд против Шалке 04 во сабота од 15:30 часот по македонско време.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ливерпул на „мускули“ победи кај последно пласираниот Саутемптон

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1