Утрински Весник
Македонија

Уставен утре ќе одлучува за прашања поврзани со изборите

Средба на претседателот на Уставниот суд Мурати со унгарскиот амбасадор Дукс

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Задолжувањето на ДИК да објави Роковник за продолжување на изборните дејствија ден по завршувањето на вонредната состојба е едно од спорните прашања за кои утре ќе одлучуваат уставните судии.

Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес, како што е објавено на сајтот на Уставен суд е четврта точка на дневен ред.

Вонредна состојба завршува в сабота на 16-ти мај. Владата се уште нема одлука дали ќе побара трето продолжување на вонредна состојба од претседателот Стево Пендаровски од 30 или помалку денови.

Според лидерот на владејачката СДСМ Зоран Заев доколку нема продолжување на вонредната состојба, изборен ден би требало да биде 8-ми јуни, а се повикува на Уредбата на Владата од 22 март за прекин на подготовките на избори за 12 април и продолжување со изборните дејствија за уште 22 дена. бк/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Амбасадорката Агелер на Kоридорот 8: Новите автопати ќе ја зајакнат трговијата и интеграцијата

Во Преспа отворена изложбата „По материјата“ – уникатен уметнички проект што ги поврзува Грција, Албанија и Северна Македонија

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати