Утрински Весник
Спорт

Ловрен може да ја продолжи кариерата во Рома

Рома и Ливерпул се договорија за Ловрен
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рим, 13 мај 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен, може да се пресели во Рома за време на летниот преоден рок, пренесува „Скај Спортс“.

Клубот од Рим е заинтересиран за услугите на 30-годишниот Хрват и сака да го искористи фактот дека неговиот договор со Англичаните истекува летото 2021 година.

Ливерпул може да се согласи да го продаде играчот сега за да не го изгуби без пари следната година.

Во сезоната 2019/20, Ловрен одигра 14 натпревари за Ливерпул, има 1 гол и 1 асистенција.

Порталот „transfermarkt.com“ го проценува Хрватот на 16 милиони евра.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место