Утрински Весник
Македонија

Над велешко езеро „Младост“ зафатени најголем дел од садниците дрвца од есенската акција

Над велешко езеро „Младост“ зафатени најголем дел од садниците дрвца од есенската акција

Велес, 13 мај 2020 (МИА) –  Најголем дел од речиси 14 илјади засадени садници во изминатата есенска акција се зафатени информираат од Општина Велес. Деновиве во соработа со екипи на ЈКП „Дервен’’ на пет локации над велешко езеро се постаува хидрантска мрежа која освен за полевање ќе се користи и за превенција од пожари. Садењето на садниците изминатата есен уследи по катастрофалниот шумски пожар на боровата шума над велешко езеро, кој се случи ланското лето на крајот на август, кога беа зафатени 409 хектари од кои 169 хектар со квалитетна борова шума.

Во големата  есенска  акција за пошумување која ја организира Општина Велес со цел за ревитализација на опожарените површини беа засадени 13.700 садници од кои 2 700 садници беа обезбедени од донатори кои самите ги засадија садниците, а Општина Велес обезбеди средства за набавка 11.000 садници кои ги засадија учесниците во акцијата.

На оваа акција и претходеа мали акции на засадување на 30 садници од страна на претседателот Стево Пендаровски како и на ученици  од ООУ„Блаже Конески“ од Велес и ООУ„Рајко Жинзифов“ од Горно Оризари, а кои преку свој зеднички проект купија и самите засадија 96 садници дрва, заедно со ученици – нивни другарчиња гости од Романија.

Воедно садници  садеа извидниците, акцијашите, ротаријанците, бизнис заедницата, вработени и  граѓани.

– Првите резултати денес се тука. Речиси сто отсто од садниците се зафатени. Садниците се разеленети, со добра виталност и добар развој, оценуваат од Општина Велес.

Општина Велес со помош на ЈКП „Дервен“ неделава започна и со монтирање на хидрантска мрежа на 5 локации околу езерото. Мрежата ќе се користи за наводнување на садниците и за превенција од пожари.

Инаку Општина Велес Во околината на езерото пролетва го  реализира еден од најзначајните проекти за развој на туризмот во државата, проектот „Смарт езеро Младост“.

-Со цел да се зачуваат садниците засадени во околината на езерото, сите учесници во акциите и сите граѓани треба да имаат во предвид дека ни претстои најтешкиот период, садниците да го издржат првиот налет на високите летни температури, потенцираат од Општина Велес.

Општина Велес заедно со ЈКП „Дервен“ ќе врши полевање на садниците во текот на летото но и  апелира до „Жито маркети“- Велес, „Ротари клуб“, АРМ, ЗГ „Акцијаш-ветерани“, претставниците на другите граѓански организации  и сите општествено-одговорни компании и поединци кои помогнаа во пошумувањето, доколку се во можност да помогнат во наводнувањето на сопствените посадени садници, а со цел да се вратат убавините и зеленилото на рекреативното езеро „Младост“.

Тие потсетуваат дека Здружението на граѓани „Акцијаш“ во неколку наврати веќе имаше акции за полевање на од нив засадените садници на дрвца и посочуваат дека нивниот пример треба  да го следат и останатите граѓани, фирми и здруженија на граѓани. ад/оџ/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кабинетот на Гаши демантира вмешаност на личното обезбедување

СДСМ: Министерката Кочовска ги омаловажи сите вработени во институциите

Реакција на ТАВ за инцидентот на скопскиот аеродром