Утрински Весник
Македонија

Поради прекршување на полицискиот час, досега поднесени 54 кривични пријави во Делчевско

Поради прекршување на полицискиот час, досега поднесени 54 кривични пријави во Делчевско

Делчево, 13 мај 2020 (МИА) – Поради прекршување на полицискиот час, од почетокот на пандемијата со коронавирус, досега во Делчевско се поднесени кривични пријави за 54 лица. Според информациите на командирот на Полициската станица од општа надлежност Делчево, Стојан Димитровски, над 50 од кривичните пријави се однесуваат за прекршување на забраната за движење за време на полициски час.

-Имаме регистрирано вкупно 58 кривични дела во овој период, од кои за 54 лица веќе има пријави, додека за четири лица допрва ќе бидат поднесени кривични пријави. Најголем дел од нив не ја почитувале забраната за движење поради што се изготвени казните, вели Димитровски.

Додава дека за разлика од прекршителите на полицискиот час, лицата кои биле во самоизолација досега ја почитувале мерката.

-Денеска на две лица им истекува важноста на мерката, со што во моментот имаме уште шест лица во самоизолација. На тие лица кои имаа решенија, денеска им изминува рокот за задолжителна самоизолација, рече Димитровски.

Во однос на прекршителите на мерките за заштита, над 50 лица од сторителите биле на возраст од 18 до 67 години, додека само 4 лица на возраст над 67 години од делчевскиот регион ја прекршиле мерката за забрана за движење. вс/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трендафилов: Владата и газдите си играат со животите на работниците

Во судството и 10.000 евра плата да им дадете, пак ќе крадат вели Туфегџиќ 

Трајановски: Нападите од Шилегов и Деспотовски се „стани ти да седнам јас“