Утрински Весник
Македонија

Грчки хакери објавиле стари лозинки на вработени во министерствата за економија и финансии

Грчки хакери објавиле стари лозинки на вработени во министерствата за економија и финансии

После јавното објавување на стари службени е-маил адреси и лозинки на министерствата за финансии и економија, од страна на грчки хакери, Владата информира дека се работи за листа од неколку адреси и лозинки од поранешен систем за службени е-маил адреси на овие министерства.

„Дел од е-маил адресите не се во функција повеќе години, бидејќи нивните корисници не работат веќе во министерствата, а лозинките на сите објавени е-маил адреси се стари и се променети пред повеќе од седум години и во тие сандачиња не може да се пристапи преку објавените лозинки“, велат од Владата.

Оттаму додаваат дека и во двете министерства се обновени системите за службена електронска пошта и се поставени протоколи со сложени шифри за службените е-маил адреси, како и други протоколи за сајбер безбедност на системите со кои се намалува ризикот и веројатноста системот да биде компромитиран.

Од Владата посочуваат дека во моментов немаат докази дека системите за електронска пошта на министерствата се хакирани во скоро време, и ги испитуваат сите детали поврзани со овој случај.

Рекацијата на Владата следува откако на Твитер се појави листа на меилови и пасворди на вработени во Министерство за финансии и Министерство за економија, кои ги објави анонимен твитер профил наречен Powerful Greek Army („Силна грчка армија“).

Од Владата појаснија дека константно работат на обнова и зајакнување на ИТ системите во институциите и ја изработи првата Национална стратегија и акциски план за сајбер безбедност.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!