Утрински Весник
Економија

Одобрени барањата на 5.141 работодавач за финансиска поддршка на плати

Над 350 барања за субвенционирање на плати на првиот ден од примената на мерката

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Управата за јавни приходи денеска ги достави првите одобрени барања за финансиска поддршка до Генералниот секретаријат на Владата. 

Од УЈП информираат дека се доставени барањата на вкупно 5.141 работодавачи кои ги исполниле условите, а износот на одобрената финансиска поддршка изнесува 507.947.264 денари.

– Ова е прво известување за одобрена финансиска поддршка согласно член 5 став 4 од Уредбата со Законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено – економската криза предизвикана од корона вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, велат од УЈП.

Оттаму додаваат дека се обработуваат и останатите поднесени барања кои ќе бидат доставени до Генералниот секретаријат по нивната финална обработка. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Просечната плата порасна за само 118 денари за еден месец

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Божиновска: Природата ни го подари богатството, институциите создаваат систем што ќе му даде вредност, заштита и препознатливост