Утрински Весник
Македонија

СЗПМ: Да се олеснат мерките за возрасните луѓе над 67 години

Минималната пензија во Бугарија од 1 јули околу 130 евра

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија денеска предложи за граѓаните над 67 години да важат истите мерки за заштита од коронавирусот како и за останатото население.

-Сметаме дека ограничувањето на времето за движење до сега имаше свое оправдување, но во услови на смирување на пандемијата Ковид 19, како неопходна потреба за пензионерите е слободно движење со доследно почитување на мерките што ќе важат и за останатото население. На овој начин се дава еднаков третман на возрасните за самостојно живеење и активно стареење како начин за одржување на нивната психофизичка кондиција, наведуваат во соопштение.

Предлогот, како што наведува здружението, е заснован врз барања на голем број на пензионери, посочувајќи дека во државата има над 320.000 корисници на пензија.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!