Утрински Весник
Македонија

Досега околу 300 лица предупредени за неносење заштитни маски

Досега околу 300 лица предупредени за неносење заштитни маски
Dik 300x250 mk

Тетово, 13 мај 2020 (МИА) – Откако е донесена одлуката за задолжително користење на заштитни маски вкупно 282 лица се писмено предупредени поради непочитување на наредбата за користење на заштитна маска.

Од СВР – Тетово информираат дека тетовци и понатаму не се придржуваат до мерките кога е во прашање и ограниченото движење.

– Изминатите 24 часа (12/13-мај) евидентирано е дека едно лице во Тетово не ја почитувал одлуката за ограничено движење. Лицето било лишено од слобода и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок за „непостапување според прописите за време на епидемија“ (член 206 од Кривичен законик), соопшти СВР Тетово.

Во овој период девет нови лица се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат. Полициски службеници контролирале вкупно 143 лица кај кои не се утврдени пропусти.ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија

Се бара притвор за разбојник од Маџари