Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – На 11.05.2020 во 18:30 часот било пријавено дека на ул.„Битолска“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(46) од Прилеп и мопед „томос“, без регистарски ознаки, управуван од М.П.(56) од Прилеп. По незгодата М.П. бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 12.05.2020 во 19:00 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Жеровјане-с.Боговиње, кај сточниот пазар за с.Боговиње, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 539“, управуван од Н.Н.(57) од с.Боговиње и мотоцикл „јамаха“, управуван од Ф.Р.(32) од с.Боговиње. Во незгодата, мотоциклистот и сопатникот С.Р.(32) од с.Боговиње биле пренесени во Медицинскиот центар Тетово за укажување на лекарска помош, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа СВР Тетово.

На 12.05.2020 во 19:15 часот на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Тодор Паница“ во Битола, непознато возило удрило во велосипедист С.П.(33) од Битола и го напуштилo местото на незгодата, по што С.П. бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Битола.

На 12.05.2020 во 19:55 часот на ул.,,Др.Николиќ“ во Кочани, Д.К.(34) од Кочани, управувајќи мотоцикл „бургман“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. По незгодата Д.К. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициска станица Кочани.

На 12.05.2020 во 12:28 часот било пријавено дека на ул.„Димо Хаџи Димов“, при работа на објект во изградба, паднал и се повредил И.К.(48) од с.Средно Коњари, скопско. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 12.05.2020 во 12:32 часот било пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, М.Ј.(56) од с.Гиновци, кривопаланечко, додека работел на објект во изградба паднал и се повредил. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 12.05.2020 во 07:20 часот во Полициската станица Карпош, В.Ц.(70) од Скопје пријавил дека на ул.„Франце Прешерн“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната подлактица.

На 12.05.2020 во 22:20 часот во Полициската станица Драчево, К.И.(27) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека на ул.„Јанко Мишиќ“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога. фф/дма/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички