Утрински Весник
Спорт

Баерн треба до 15 мај да одлучи дали Перишиќ ќе биде откупен за 20 милиони евра

Баерн треба до 15 мај да одлучи дали Перишиќ ќе биде откупен за 20 милиони евра

Минхен, 13 мај 2020 (МИА) – Опцијата за откупување на играчот од средниот ред Интер, Иван Перишиќ, кој игра на позајмица за Баерн Минхен, истекува на 15 мај.

Триесет и едногодишниот фудбалер од средниот ред се пресели во баварскиот клуб минатото лето. Баерн може да го купи за 20 милиони евра.

Во Интер се надеваат дека Баерн ќе го комплетира трансферот, така што средствата од неговата продажба може да се инвестираат во зајакнување на тимот.

Според „Скај спорт Италија“ можно е клубовите дополнително да преговараат за висината на трансферот.

Исто така, раководството на „неро-азурите“ ќе има преговори со ПСЖ за трансферот на напаѓачот Мауро Икарди, кој игра на позајмица во Париз. Износот на откуп што е наведен во договорот е 70 милиони евра, но во овој случај, страните можеби ќе треба да разговараат за деталите за трансферот, со оглед дека состојбата на пазарот е променета поради кризата поврзана со пандемијата на коронавирус. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење