Утрински Весник
Економија

Исплатени 88,6 милиони денари субвенции на 4.945 сточари со задржани женски јагниња и јариња

Исплатени  88,6 милиони денари субвенции на 4.945 сточари со задржани женски јагниња и јариња

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – На сметките на 4.945 сточари кои имаат задржани женски јагниња и јариња денеска се исплатени субвенции во износ од 88,6 милиони денари, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Станува збор за исплата на средства од мерките 2.8 финансиска поддршка за задржано женско јагне и мерката 2.10 финансиска поддршка за задржано женско јаре по Програма за финансиска поддршка во земјоделството 2019.

На 3.179 сточари кои имаат задржано женско јагне им се исплатени 78.058. 400 денари, а на 1.766 сточари со задржано женско јаре 10.516. 100 денари.

Според директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, со оваа мерка директно се влијае на окрупнување на стадата, како и на зголемување на производство на млеко.

– Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците и на сточарите средствата им се најпотребни, односно, пред почеток на новата реколта или ново рефинансирање на средствата за окрупнување или обнова на стадата, вели во пишана изјава Бабовски. лв/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трипуновски: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година

УЈП од електронски аукции во државниот буџет инкасирала 314 230 евра

Итно зголемување на минималецот на 500 евра бара ССМ од пратениците