Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Најголем процент од кумановските судии донираа од априлската плата за поддршка за справување со Ковид 19

Најголем процент од кумановските судии донираа од априлската плата за поддршка за справување со Ковид 19
300x250 opst2

Куманово, 13 мај 2020 (МИА)Две третини од кумановските судии од Основниот Суд Куманово донираа на сметките на Министерството за здравство. Како што информираа денеска надлежните од судот, собрани се 240.000 денари кои се уплатени на сметките на Министерството за здравство, со што кумановските судии даваат  поддршка  во напорите на институциите за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата.

Претседателката на кумановскиот суд Снежана Манев информираше дека од 23 судии до денеска донирале 17 судии кои доставиле докази за уплата во солидарните фондови од нивната априлска плата.

-Донациите се движат од 20 до 50 проценти од судиската плата. Околу 240.000 денари веќе донирале судиите од Основен суд Куманово. Тоа се две третини од судиите, очекуваме дополнителен број на судии и се надевам дека ќе одговорат сите, затоа што ова прашање нам ни е многу важно, изјави претседателката на кумановскиот Суд, Манев.

Таа појаснува дека и подружницата на Здружението на судии на Основен Суд Куманово, ја поддржала  иницијативата на Здружението на судии на Уставниот суд, со времена мерка  да се поништи Уредбата со која судиите требаше да бидат сведени на минималец.

– Сметам за потребно да објаснам, без разлика на ставот на јавноста, на која бевме мета изминатиов период дека судиите се солидарни и одговорни за состојбата со која се соочивме поради пандемијата. Мора да потенцирам и да објаснам дека судиите не е дека не се солидарни или не сакаат да донираат, во прашање е принцип, владеење на право, за кое сите се залагаме. Во прашање е законска и уставна одредба, ставот на Венецијанската комисија и препорака дека независноста на судиите произлегува меѓу другото и  од економска независност. Затоа, ние одлучивме да ја поддржиме иницијативата, но од друга страна на ниво на здружение се договоривме да донираме, што и го напраивме, изјави Манев. ам/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места