Утрински Весник
Економија

Алкалоид го реализираше проектот за гасификација на локалитетот во Ѓорче Петров

„Алкалоид“ инвестира 11 милиони евра во проширување на производните капацитети
Dik 300x250 mk

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Во согласност со планот за капитални вложувања за 2019 и за 2020 година, Алкалоид АД Скопје реализираше инвестициска активност за приспособување и за воведување природен гас на локалитетот Ѓорче Петров. Инвестициската активност е со вредност од милион евра и опфаќа изведба на нов подземен гасовод на локалитетот, пуштање во употреба на два нови парни котли и санација на постојните инсталации, соопштија од компанијата.

Водејќи се од светските трендови за зголемување на енергетската ефикасност и за намалување на емисијата на стакленички гасови, како што се посочува, стручните технички служби во компанијата – Инвестиции, Одржување и Енергетски менаџмент – изготвија план и решение за воведување на природниот гас на локалитетот. Извршена e набавка и пуштање во употреба на два нови парни котли и горилници со ниско количество на NOx-гасови од светски реномираните производители Viessmann и Saacke, изработени во согласност со последните технолошки и инженерски достигнувања. Новоинсталираната опрема се карактеризира со исклучително висока енергетска ефикасност и искористеност на природниот гас, а направена е и модернизација на котларата, која опфаќа автономно работење од 72 часа без присуство на персонал.

Со воведувањето на природниот гас во индустриските и енергетски капацитети на локалитетот Ѓорче Петров, се создаваат услови за негово максимално искористување, за поголема економичност во вкупната потрошувачка на енергенси во компанијата и за намалување на трошоците за одржување на постојната опрема. Како општествено одговорна компанија, која се грижи за животната средина и за здравјето на граѓаните, Алкалоид придонесува за намалување на загадувањето и за исполнување на строгите еколошки стандарди во целост, стои во соопштението од компанијата. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност