Утрински Весник
Македонија

Гевгелискиот „Комуналец“ ја забрани водата за пиење поради дефект на главниот цевковод

Гевгелискиот „Комуналец“ ја забрани водата за пиење поради дефект на главниот цевковод

Гевгелија,13 мај 2020 (МИА) – Дефектот на главниот цевковод од регионалниот водоводен систем во Гевгелија, на потегот од кај мотелот Вардар према граничниот премин „Богородица“ и селата Богородица, Стојаково и Селемли уште не е саниран. Синоќа ЈП „Комуналец“ ја забрани за употреба водата за пиење во овој регион.

Од комуналното претпријатие велат дека дефектот на главниот цевковод со ф 225 милиметри се случил вчера, но и покрај напорите на вработените уште не е отстранет.

Екипите од утрово се повторно на терен и најавуваат дека до крајот на работното време дефектот би требало да биде поправен и да се воспостави нормалниот проток на водата за пиење на овој дел од регионалниот водоводен систем.

Претпријатието потврди дека водата не ги задоволува техничките стандарди за пиење поради што апелира до корисниците да не се употребува, се до моментот кога за тоа ќе бидат известени преку соопштение од надлежната служба и извршената проверка на водата откако ќе се отстрани дефектот.им/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски, Рокас и Григоријан во посета на „Маркова Нога“: Отворањето на граничниот премин ќе донесе нови можности за развој, поврзаност и соработка

Четири лица украле маси и столови од угостителски објект во Куманово

Јакимовски предупредува: По Кочани не смееме да си дозволиме нов ризик по безбедноста на граѓаните