Утрински Весник
Македонија

Полицискиот час не го почитувале 31 лице, од нив приведени 19

Изминатото деноноќие 84 лица не го почитувале полицискиот час
Dik 300x250 mk

Скопје, 13 мај 2020 (MIA) – Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 31 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци за што ќе следуваат соодветни мерки.

Како што соопшти МВР, исто така, по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 17 лица кои што ја прекршиле оваа мерка.

На територијата на државата за изминативе 24 часа на 18 лица им се издадени решенија за изолација, а 66 лица потпишале изјави за самоизолација. Од извршените контроли од страна на полициските службеници не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолацијастои во соопштението. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЕК: Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

Студентски средби Скомрахи на Факултетот за драмски уметности

Од петок (7 ноември) доаѓа нов бран на обилни врнежи и засилен ветер