Утрински Весник
Спорт

Њукасл е подготвен да плати 60 милиони евра за Бејл

Интер прашува за Герет Бејл
Dik 300x250 mk

Мадрид, 13 мај 2020 (МИА) – Премиерлигашот Њукасл сака летово да го врати во шампионатот на Англија, напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл.

Според „Марка“, англискиот клуб, кој ќе има нов сопственик од Саудиска Арабија, е подготвен да плати 60 милиони евра за 30-годишниот Велшанец.

Договорот на Бејл со Реал истекува летото 2022 година.

„Трансфермаркет“, го проценува Бејл на 40 милиони евра. Оваа сезона, Велшанецот одигра 17 натпревари, постигна два гола и направи две асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен