Со оваа кредитна линија се поддржани 738 компании од најзагрозените сектори – угостителство, туризам и сообраќај, со 6.524 вработени.
Просечен износ на даден кредит од оваа линија е 7.500 евра, а вкупниот износ на доделени кредити изнесува 5,54 милиони евра.
На фирмите од сите сектори им стои на располагање и втората линија бескаматни кредити од 8 милиони евра, за која веќе се пријавиле над 2.400 компании.
Секоја трета фирма, како и речиси половина од самостојните претприемачи аплицираа за финансиска помош од 14.500 денари за исплата на плата по вработен.
Додека овие мерки се реализираат, СДСМ работи на нов пакет мерки за директна поддршка на граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.
СДСМ посветено ќе продолжи со поддршката за фирмите и за зачувување на работните места, за економијата брзо да се интензивира кога ќе заврши кризата.
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.