Утрински Весник
Спорт

НБА лигата во наредните 2-4 недели ќе донесе одлука дали ќе ја обнови сезоната

НБА лигата во наредните 2-4 недели ќе донесе одлука дали ќе ја обнови сезоната
Dik 300x250 mk

Вашингтон, 13 мај 2020 (МИА) – Комесарот на НБА, Адам Силвер наскоро ќе одлучи дали сезоната 2019/20 ќе биде продолжена.

Според инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Чаранија, Силвер има намера да донесе одлука во наредните 2-4 недели.

Од друга страна, инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнајровски, рече дека во вторникот Силвер одржа видео конференција со членовите на Управниот одбор на лигата. Според изворот, учесниците на конференцијата биле оптимисти за евентуалното продолжување на сезоната.

Сезоната 2019/20 година во НБА е суспендирана поради коронавирус. Од 8 мај, лигата дозволи отворање на објекти за тренинзи лоцирани во држави со ослабен режим на самоизолација. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс