Утрински Весник
Спорт

Серија „А“ ќе запре повторно по позитивен резултат на коронавирус во клубовите

Аталанта му го нанесе најтешкиот пораз на Милан во последните две децении

Рим, 12 мај 2020 (МИА) – Сè уште не е јасно дали и кога сезоната во Серија „А“ ќе продолжи, но веќе се разгледува под какви услови ќе биде запрено повторно, ако воопшто има враќање на играта.

– Без сомнение, ако некој даде позитивен тест на КОВИД-19 во некој од клубовите, сè ќе запре. Карантинот во тимот ќе стане автоматски и целата сезона ќе биде прекината. Да го сакаш фудбалот значи грижа за луѓето кои работат во него. Единствената причина да се зборува за продолжување на Серија „А“ е нејзиното економско влијание, рече Сандра Зампа од италијанското Министерство за здравство.

Во меѓувреме, таа вели дека уште помалку е веројатно да се заврши сезоната во Серија Б, бидејќи екипите таму не се финансиски стабилни како оние во елитата да го следат опсежниот протокол за одржување натпревари.

– Одлуката зависи од министерот за спорт, Винченцо Спадафора. Колку што знам, тој самиот си даде уште една недела да процени не само во Серија Б, туку и во други тимски спортови, додаде Зампа.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари