Утрински Весник
Македонија

Дваесеттина медицински сестри недостасуваат во штипската болница

Дваесеттина медицински сестри недостасуваат во штипската болница

Штип, 12 мај 2020 (МИА) – Во штипската Клиничка болница недостигаат уште 20 медицински сестри. Но состојбата од пред две години со овој кадар е подобра забележа на денешната прес-конференција директорот, Ален Ѓеорѓијев. На денот на сестринството тој им се заблагодари на медицинските сестри, кои во време на пандемија беа најголемата поддршка на пациентите, а нивното стручно работење се гледа секој ден.

-Во моментов на Инфективното одделение имаме хоспитализирано шест пациенти, од коишто тројца се од Кочани и по еден од Штип, Пехчево и Берово, вели Ѓеорѓијев.

Тој најави дека на 14 мај ќе се одбележи и првата коронографија направена во штипската Клиничка болница. Годинава се набавени над 900 стентови за Кардиологија, за разлика од минатата година кога имале набавено над 400 стентови. вдј/оџ

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот