Утрински Весник
Македонија

Продолжувањето на вонредната состојба не е спорно, одлучи Уставен суд

Уставните судии ќе донираат 20 отсто од априлската плата за борба против Ковид-19

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Уставниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница не поведе постапка за оценување на уставноста на втората одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба, која истекува на 16-ти мај.

Уставните судии не поведоа постапка за оценка на уставноста и законитоста ниту за првата вонредна состојба, која ја прогласи шефот на државата.

На дневен ред на седницата закажана за во четврток, на 14 мај, уставните судии ќе ги разгледаат иницијативите во врска со полицискиот час, односно за забраната за движење во одреден периодот од денот, како мерка за заштита од коронавирусот. дма/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато