Скопје, 12 мај 2020
ВМРО-ДПМНЕ алармира дека со резерва треба да се земат во предвид лажните информации од СДСМ и нивните брифери кои сакаат Зоран Заев да го прикажат во лажно светло.
Факт е дека Зоран Заев борејќи се за потесен пораз лобира на лидерската средба брзи избори на штета на здравјето на граѓаните.
Зоран Заев е изолиран во својата намера да организира брзи избори на штета на здравјето на граѓаните. За ВМРО-ДПМНЕ е најважно здравјето на граѓаните, а потоа слободни, фер и кредибилни избори на кој Зоран Заев ќе го доживее најтешкиот дебакл во својата политичка кариера.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски предложи конкретен план во 4 чекори со кој ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе се одржат избори. Се друго е манипулација брифирана од СДСМ и Власта.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.