Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави за лажни дозволи за движење во полициски час

Кривични пријави за лажни дозволи за движење во полициски час

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Секторот за внатрешни работи – Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Р.Р.(38) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување исправа“ во врска со кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“ и против А.Р.(43) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

Како што соопшти денеска МВР, Р.Р. во својство на сопственик на правно лице, во кое управител бил второпријавениот, А.Р., во период на постоење на вонредна состојба и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на нашата држава, си издал дозвола за движење во период од 16.00 до 21.00 часот и покрај тоа што немал регистрирано сменска и ноќна работа.

Притоа, тој во два наврати бил сопрен и контролиран од страна на полициски службеници и на увид ја приложувал лажно изработената дозвола.

Секторот за внатрешни работи – Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Е.С.(18), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот, како што соопшти МВР, на 21 април 2020 во 23:00 часот, во време на забрана за движење, како возач на патничко возило бил запрен од полициски службеници, при што на увид приложил дозвола за движење од 10.00 до 22.00 часот, која немала важност во време кога пријавениот бил сопрен и контролиран.

Секторот за внатрешни работи-Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против А.К.(40) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време наепидемија“.

Како што информира МВР, пријавениот А.К., во својство на сопственик и управител на правно лице, во период на постоење на вонредна состојба и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, си издал дозвола за движење во периодот од 14.00 до 19.30 часот и покрај тоа што немал регистрирано сменска и ноќна работа.

Притоа, тој на 22 април 2020 година бил сопрен и контролиран од страна на полициски службеници и на увид ја приложил таа дозвола.мд/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !