Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Берово постапка против едно лице заради непочитување на полицискиот час

Во Берово ќе се субвенционираат трошоците за комунални услуги
Img 7972

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Берово денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, кое на 10 мај ја прекршило забраната за движење, со што сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, за време на забраната за движење, без да поседува дозвола се движел со патничко моторно возило, при што бил забележан од страна на овластени полициски службеници.

Обвинителството на Судот му предложи за лицето да изрече парична казна од 50 дневни глоби од по 10 евра во денарска противвредност​.дма/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот во Ѓорче – решаваме долгогодишен хаос со паркирањето