Утрински Весник
Економија

Почна исплатата од МојДДВ за првото тримесечје од 2020 година

Скенирани близу три милиони фискални сметки, повратот на ДДВ кон граѓаните 25,3 милиони денари

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Исплатата на парични средства за јануари, февруари и март 2020 согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица е веќе започната.

Како што информираат од УЈП, во ова прво тримесечје од годината скенирани се  49.946.278 фискални сметки, направен е промет во износ 21.957.355.689 денари со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари.

Вкупниот број регистрирани корисници до 31 март 2020 година на апликацијата МојДДВ е 279.498.

Повратот за ова тримесечје изнесува  343.803.953 денари, односно  5.590.000 ЕУР. За донирање на својот поврат за овој квартал се изјасниле 8 700 граѓани.  

Исплатата се врши во неколку етапи и ќе заврши согласно законскиот рок, односно во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки и доколку има грешки во нив, да ги коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.скс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителите

ММФ предвидува: Македонија и регионот меѓу најбрзорастечките економии во Европа до 2031 година

Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата на 600–700 производи е во завршна фаза