Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Коронавирусот во март го намали бројот на туристи за 67,3 отсто

Коронавирусот во март го намали бројот на туристи за 67,3 отсто
300x250 opst2

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Во март годинава, првиот месец откако почна кризата со короната, се бележи намалување во бројот на туристите за 67,3 отсто, а бројот на ноќевања за 62,8 отсто.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика бројот на домашните туристи во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 60,5 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 70,4 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 50,3 отсто, а бројот на ноќевања на странските туристи е намален за 69,6 отсто.

Во периодот јануари – март 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 18,3 отсто, и тоа кај домашните туристи има намалување за 17,2 отсто, а кај странските има намалување за 18,9 отсто.

Во периодот јануари – март 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 19,7 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 15,1 отсто, а кај странските има намалување за 22,9 отсто.скс/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трендафилов: Минималната плата мора веднаш да се зголеми

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут