Утрински Весник
Македонија

Директорката на „Димитар Влахов“ повика учениците да се запишат во нивното стручно училиште

Директорката на „Димитар Влахов“ повика учениците да се запишат во нивното стручно училиште

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Во пресрет на уписите во средно образование кои ќе се спроведат идниот месец, директорката на училиштето „Димитар Влахов“ во Скопје, Лидија Андоновска, со видео информира за бенефитите што ги нуди ова стручно училиште, кое има три струки и повеќе профили и настава на македонски, албански и на турски јазик.

Со оглед дека во изминатите години е најголем интересот за гимназиите, Андоновска апелира учениците да се запишат на некоја од нивните струки, информирајќи ги учениците и нивните родители дека од „Димитар Влахов“ излегува кадар кој треба да одговара на пазарот на трудот во земјава и во странство.

-До сите родители апелирам да се запишат нивните ученици во нашето училиште. Нивоата на знаења на националната рамка на квалификации се изедначија со нивоата на знаења на Европската рамка на квалификации. Тоа им овозможи на учениците да можат да се вработуваат и надвор од нашата земја. Нашите ученици ќе имаат можност за пракса која е редовна, а, исто така, и феријална практика. Имаме склучено повеќе договори со компании каде што учениците од личните услуги ја извршуваат задолжителната пракса, како и феријалната, изјави Андоновска.

Информации за уписите се објавени и на официјалната веб-страница на СУГС „Димитар Влахов“. Првото пријавување во јунскиот уписен рок за средно образование во 2020/2021 е на 16 и 17 јуни, второто на 24 и 25 јуни, а третото на 29 јуни. хс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина