Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Постапки за непочитување на полицискиот час против 29 струмичани

Владата утре ќе решава за скратување на полицискиот час
Img 7972

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Постапувајќи по поднесени кривични пријави, Основното јавно обвинителство Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози против 29 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, обвинетите, во периодот од 14 до 20 април, во одделни кривично-правни настани, биле затекнати како се движат надвор од своите домови за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Надлежното обвинителство на Основниот суд Струмица му предложи да изрече парична казна за секој од обвинетите во износ од 50 дневни глоби од по 10 евра, стои во соопштението.​ вг/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот во Ѓорче – решаваме долгогодишен хаос со паркирањето