Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово воведе електронска наплата на сметките

ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово воведе електронска наплата на сметките
300x250 opst2

Куманово 12 мај 2020 (МИА) – Јавно претпријатие „Чистота и Зеленило“ Куманово почна со електронска наплата на фактурите за домаќинства и за правните субјекти, корисници на услугите на комуналното претпријатие, информираа денеска надлежните. Воведувањето на услугата е одговор на барањата на граѓаните за брза и електронска наплата на сметките за ѓубрарина.

-Електронската наплата ни беше планирана пред извесен период, но поради закажаните избори не можевме да ја спроведеме постапката затоа се одложи, бидејќи воспоставувањето на новиот систем на наплата, новиот софтвер го направиме пред Нова Година кога почна да функционира и требаше време оваа алатка да се стави во ситсемот. Ова електроска наплата не е најсовршена, бидејќи треба да се унапреди и самиот програм и веб сајт на што интензивно работиме, истакна директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски.

Тој апелираше до граѓаните редовно да ги подмируваат обврките кон „Чистота и Зеленило“, за да можат непречено да се одвиваат редовните активности. Сточјевски потсети дека изминатиов период нивните тимови активно без престан се вклучени во дезинфекција на улици, згради, јавни површини, објекти, како дел од превентивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Сепак, тој додава дека покрај, електронската наплата во функција остануваат четирите дисперзирани наплатни центри за граѓаните кои не можат електронски да си ги подмират сметките. На ниво на Куманово има приближно 20.000 корисници на услугите на ЈП „Чистота и Зеленило“. ам/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места