Утрински Весник
Македонија

Струшко обвинителство поднесе казнени налози против две лица за непочитување на полицискиот час

Струшко обвинителство поднесе казнени налози против две лица за непочитување на полицискиот час

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Струга.

-Двајцата обвинети се товарат дека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена  од Владата со цел да се спречи ширење на заразна болест. За време на полицискиот час, едниот се движел на регионалниот пат Струга-Дебар, а другиот бил затекнат на локален пат во селото Велешта, соопштија од обвинителство.

За секој од обвинетите надлежниот јавен обвинител предложи парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност.​ оџ/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев од седиштето на ReSPA: Регионалната соработка е двигател на европските реформи

Вонредно известување од ЦУК до жителите на Стајковци и Арачиново

Крстевски поднесе кривични против угостители што работат не законски – Нема да дозволам да ни се случи „Пулс“ 2