Утрински Весник
Македонија

ФООМ: Фондацијата Отворено општество – Македонија повеќе од 27 години посветено работи на создавање динамично и толерантно општество во кое граѓаните се свесни и активни

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Скопје, 12 мај 2020

Фондацијата Отворено општество – Македонија реагира на
повторниот обид за дискредитација на граѓанското општество
Фондацијата Отворено општество – Македонија повеќе од 27 години посветено работи
на создавање динамично и толерантно општество во кое граѓаните се свесни и
активни, а властите отчетни, општество во кое сите ќе имаат еднакви права и
можности, во кое граѓаните иницираат промени, општество во кое се почитува
различното мислење и се негува и развива критичката мисла.

Нашата долгогодишна поддршка за развој на граѓанското општество и демократските
процеси во државата е со крајна цел промоција на вредностите на отвореното
општество и таа ќе продолжи и понатаму, без разлика која партија или политичка
гарнитура е на власт. Нашите вредности, залагања и нашата работа не зависат и нема
да дозволиме да зависат од желбите и амбициите на поединци или политички
групации, како и од неумесните изјави за дискредитација и етикетирање на
граѓанските организации.

Фондацијата низ сите премрежја и кризи почнувајќи од 1992 кога земјата се соочуваше
со затворени граници, преку годините во кои беше изложена и на прогон, па сè до
последната здравствена криза, ги става на располагање сите свои ресурси, а сè со цел
унапредување на отвореното општество и неговите вредности. Од 1992 до денес
Фондацијата Отворено општество – Македонија континуирано вложува во
демократизација на македонското општество и подобрување на животот на граѓаните,
оддолевајќи на сите досегашни бројни обиди за дискредитација и етикетирање.
Нашата работа го издржува и ќе го издржи тестот на времето. Затоа, ние и понатаму ќе
останеме посветени на промоција на вредностите на отвореното општество, будно ќе
ги мониторираме властите и гласно ќе соопштуваме во функција на коригирање на
нивните погрешни политики и активности кои ќе ги доведат во прашање
демократските процеси. Продолжуваме со нашата поддршка на граѓанското општество
со цел зајакнување на владеењето на правото, почитување и заштита на човековите
права, слобода на говорот, младинската ангажираност, натамошен развој на
граѓанското општество, унапредување на здравството и образованието, интеграцијата
на Ромите и на другите маргинализирани заедници, поттикнување на борбата против
корупцијата, но и пристап до правда за сите граѓани подеднакво.

Фондацијата Отворено општество – Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

Денеска протестен марш за полагање правосуден испит на албански јазик

(Видео) Бројни полициски единици во селото Орел, дали е најдена Злата?