Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје го одобри во целост обвинението против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „Измама“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.
-Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува во оценка на обвинението со КОК ООА 1/20, на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „Измама“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, по одржана нејавна седница како и разгледување и ценење на фактите и доказите во актот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост, се наведува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.
По веќе одобрениот обвинителен акт, како што посочуваат од Судот, ќе биде оформен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија од Одделот за организиран кирминал, а по насрочена главна расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени. дма/лв/