Утрински Весник
Македонија

Филипче: Пред нас мирен период, за изборите и сите процеси мерки врз основа на параметри што ги анализираме

Почнува олабавувањето на рестриктивните мерки, состојбата со коронавирусот во земјава стабилна

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Пред нас е стабилен период во кој епидемијата е под контрола. Рестриктивните мерки што ги презедовме дадоа резултати и здравствениот систем е во можност да менаџира. Трендот на намалување на случаи продолжува, иако изминатите неколку денови имаше варијација и зголемен број случаи. Добро е тоа што најголем дел од нив се поврзани со два настана еден во Тетово и еден во околината на Скопје, рече министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање дали има услови да се одржат избори во јуни.

-Во однос на изборите сите тие процеси, сите овие мерки што ги носиме, предвидувањата што ги даваме во однос на анализите што ги правиме сега се врз основа на истите параметри кои се анализираат цело време, затоа се и овие констатации и предвидувања за следниот период. Наш став и сите мерки се димензионираат врз бројките на пациенти и воспоставените параметри. Пред нас е мирен период, заради тоа што имаше строги мерки чии резутати се видливи и од рестрикции на движењето, затворени граници… Сите мерки ги дадоа резултатите и сега според сознанијата и предвидувањата сметаме дека пред нас е мирен период кој може да се изменаџира и од страна на здравствениот систем за овој евентуален број пациенти со кој може да се соочиме. Има тренд на намалување, иако има мали варијации изминатите неколку денови, но она што е добро е што речиси сите новозаболени најголемиот дел се во врска со точно утврдени настани погреб во Тетово и семеен настан во околината на Скопје, рече Филипче.

Условите за олабавување на мерките и постепено враќање во нормала, вели тој, се правени врз основа на три критериуми, дали епидемијата е под контрола, дали здравствениот систем може да се справи со сегашниот број пациенти и евентуално поголем број, како и дали е во можност да врши надзор врз нив и да ги идентификува нивните контакти.

Во однос на првиот критериум, според министерот, Р0 факторот на пренос треба да е помал од 1, а кај нас подолг период е од 0,6 до 0,9, што значи дека еден пациент заразува помалку од едно лице. Исто така, здравствениот систем може да ги изменаџира сите случаи, бидејќи, како што рече, во целиот период  во ниту еден момент не биле целосно искористени болничните капацитети. Дополнително, рече Филипче, системот има и капацитет за откривање на контактите на поврзани со новодијагностицираните.

Тој се осврна и на ризиците што можат да ја влошат епидемиолошката слика, како што се патувањата на наши граѓани во странство и враќање назад, враќање на децата во училиште… Тоа, рече министерот за здравство, се фактори кои можат да ја влошат состојбата, исто како и дополнителен евентуален број на заболени од сезонски грип кој се враќа во есенските месеци. сст/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!