Утрински Весник
Македонија

Во Општина Градско се реализира владиниот проект за енергетска ефикасност

Во Општина Градско се реализира владиниот проект за енергетска ефикасност

Велес, 12 мај 2020 (МИА)Со средства од Владата преку Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – енергетска ефикасност, Општина Градско започна со реализација на проектот за замена на прозорци и врати – столарија, во висина од 900 илјади денари.

Како што информира градоначалникот на Општина Градско Роберт Бешовски, замената се врши во административна зграда на Општина Градско, старото училиште на ООУ „Даме Груев” во Градско (каде што се одвива наставата за првачињата) и во Амбуланта во село Виничани.

-Овој проект ќе се придонесе за енергетската ефикасност во овие јавни установи, а ќе се овозможи и звучна изолација на објектите, потенцира Бешовски. ад/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дали „Арена“ емитува законски во Македонија? ММА и МРТ обвинуваат, АВМУ демантира

Нова афера во МВР: За 1.400 евра до лажна возачка дозвола?

Жештина од Африка и песок од Сахара: Што нè очекува за продолжениот викенд