Утрински Весник
Македонија

Шеќеринска на увид во активностите за реконструкција на објектот наменет за Командата на Бригада на ЈИЕ

Шеќеринска на увид во активностите за реконструкција на објектот наменет за Командата на Бригада на ЈИЕ

Куманово, 12 мај 2020 (МИА) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска  изврши увид во активностите што се изведуваат на објектот во кумановската касарната „Боро Менков” во Куманово наменет за Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG.
Објектот, интензивно се реконструира и адаптира, со цел непречено функционирање на командниот тим во наредните шест години, бидејќи од септември годинава, земјава ќе биде домаќин на седиштето на Командата на SEEBRIG – Бригада на Југоисточна Европа.

-Од септември, годинава Република Северна Македонија станува домаќин на оваа бригада која е една од најсилините регионални иницијативи, практично ќе бидеме домаќин на целата оваа команда, каде што очекуваме околу 40 припадници на вооружените сили на земјите членки и дополнително повеќе од десет наши припадници кои што практично ќе станат дел од штабот, односно од Командата на Бригадата на Југоисточна Европа, истакна министерката Шекеринска во кумановската касарна.

Зградата која се реновира ќе биде центар на регионалните иницијативи и регионалната соработка. Командата и оваа бригада, појасни министерката, е иницијатива која обединува шест земји.

-И во овој момент сите земји членки, се веќе членки на НАТО, така што во годината кога станавме земја членка на НАТО, стануваме и домаќин на оваа важна регионална иницијатива и очекуваме сите подготовки за командата да бидат завршени уште во месец јуни, за да можеме да го официјализираме почетокот на нашиот мандат како домаќин на Бригадата на Југоисточна Европа, појасни Шекеринска.

Откако ќе си замине Командата, објектот останува на Армијата и ќе биде дел од реновирањето на објектите. Во моментов, информираше министерката дека парлелно се спроведуваат четири реконструкции на објекти во Армијата и неколку за модернизација на водоснабдување и други придружни активности на армиските објекти. ам/бк/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја