Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во тетовскиот регион четири активни случаи на Ковид-19 меѓу здравствените работници

Во тетовскиот регион четири активни случаи на Ковид-19 меѓу здравствените работници
Img 7972

Тетово, 12 мај 2020 (МИА) – Од целокупниот персонал на лекари и медицински сестри во јавното и приватното здравство според Министерството за здравство на подрачјето на поширокиот тетовски регион досега има 13 регистрирани случаи кои имале позитивен тест на Ковид-19. Деветмина од нив веќе се оздравени.

– Досега во подрачна единица Тетово се регистрирани 13 заболени здравствени работници, девет од нив се веќе оздравени. Во моментов има четворица здравствени работници позитивни на вирусот, информираат од Министерството по нашето барање за информации.

Вкупна бројка на медицински персонал не евидентира ни една институција. Клиничка болница Тетово има 234 лекари и 378 медицински сестри, додека Здравствен дом Тетово има 44 лекари и 89 медицински сестри и техничари. Во подрачната единица на Фондот за здравство се евидентирани вкупно 181 приватна ординација од областа на општа медицина, стоматологија и гинекологија. Во Тетово има и Центар за јавно здравје како и ординации кои немаат договор со Фондот за здравство и целосно работат приватно. ас/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дрска кражба на мобилен телефон, Обвинителството откри детали

Фамилијарни листи за советници на ЗНАМ: На листата во Струга цели фамилии со се братучеди и баџанаци 

Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори