Утрински Весник
Македонија

Почнува проектот „Спортувај од дома во време на корона“

Почнува проектот „Спортувај од дома во време на корона“

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Град Скопје во соработка со неколку спортски инструктори на наскоро на граѓаните ќе им овозможи онлајн видеа со вежби за одржување на нивната форма за време на коронавирусот.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција соопшти дека во овие отежнати услови на живеење поради пандемијата со коронавирусот, Град Скопје ја адаптираше својата културна програма.

-Истото го правиме и со спортската програма, која претходно ја имавме усвоено, а сега не можеме да ја реализираме поради коронавирусот. Ги адаптираме и помагаме на некој начин и спортските работници во нашиот град со нивниот ангажман, рече Шилегов.

Тој нагласи дека целта е да им се помогне на граѓаните дел од своето слободно време, поради ограничувањето во движењето, да го поминат во здрав живот и вежбање. Појасни дека ќе се оди со промоција на неколку начини, на фејсбук страната на Град Скопје, на youtube каналот на Град Скопје, каде ќе има лајф стриминг за да им се помогне на скопјани да вежбаат дома.

Шилегов очекува овој проект да почне кон крајот на оваа недела и најави дека граѓаните и медиумите ќе бидат информирани на време и преку социјалните мрежи.

Даниел Трбогазов кој е дел од тимот на Град Скопје изјави дека овој проект е наменет за нашите сограѓани, да можат да се рекреираат и да вежбаат во оваа вонредна состојба, каде спортските објекти за жал не работат.

-Ние, нашиот тим, ќе се погрижиме да дадеме разновидност за да можеме да опфатиме поголем дел од популацијата. Тоа да биде достапно, модифицирано, во домашни услови, да можат сите сограѓани да извежбаат и да се чувствуваат подобро и поубаво, рече Тревогазов. Додаде дека се работи за вежби за јога, пилатес, функционален фитнес, атлетски вежби, крос фит и пауер пилатес. мд/лв/

Спортувај од дома во време на корона – прес на Градоначалникот Петре Шилегов

Posted by MИА.mk on Вторник, 12 мај 2020

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме