Утрински Весник
Македонија

Теренско третирање против ларви од комарци во Гевгелиско

Теренско третирање против ларви од комарци во Гевгелиско

Гевгелија,12 мај 2020 (МИА) – Општина Гевгелија на подрачјето на градот и блиската околина утре ќе го спроведе првото теренско ларвицидно прскање против комарци.

–Теренското третирање против ларви од комарци ќе се изврши на територија од 10 хектари покрај вода и водни површини кои се мапирани како лежишта на комарци, а посебно внимание ќе се посвети на бреговите на реката Вардар, на потегот од селото Мрзенци до мотелот „Вардар“, велат од Општината.

Во многу блиска иднина надлежните најавија уште едно ларвицидно прскање на територијата на општина Гевгелија по што ќе следуваат  три последователни прскања против возрасни комарци кои исто така ќе се изведат теренски.

Утре ќе почне и пролетната акција за дератизација со поставување мамки за глувци во 1400 шахти на територијата на општина Гевгелија. Дератизацијата ќе се повтори уште еднаш наесен. им/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити