Утрински Весник
Македонија

Хуманитарна акција „Рамазанска кошница“ во Кичевско

Хуманитарна акција „Рамазанска кошница“ во Кичевско

Кичево, 12 мај 2020 (МИА) – Хуманитарната организација „Класје на добрината” огранок во Кичево, продолжи со своите активности, овојпат, за помош и поддршка на семејства од ранливи категории од општините Кичево и Пласница. Оваа акција наречена „Рамазанска кошница“, како што посочуваат од организацијата, се реализира со поддршка на многубројни донатори.

Претходните денови волонтерите на „Класје на добрината“ успеаја да си подготват за да се дистрибуираат 550 пакети со храна и средства за хигиена.

Претседателот Мухамед Мехмеди нагласи дека благодарение на донаторите, во рамки на оваа хуманитарна акција ќе моќе да им се помогне на 550 семејства кои имаат потреба во оваа тешко време по повод светиот месец Рамазан во општините Кичево и Пласница.

-Наскоро пред празникот Бајрам ние планираме да реализираме уште една хуманитарна акција но овој пат помошта ќе е во облека наменета, исто така, за социјално загрозени семејства во нашата општина, посочи Мехмеди. рз/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полуматуранти направиле хаос во Струмица – Костадинов им нареди веднаш да го исчистат плоштадот

Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има, вели Талески

СДСМ: Апсењето на Нацев е задоцнето, со жртвено јагне ВМРО-ДПМНЕ сака да ги спаси актуелните функционери