Утрински Весник
Политички Партии

Манчевски: Да се искористи првата можност за организирање избори

Манчевски: Отсуство од работа со мерките за коронавирусот со потврда за детето од градинка или училиште

 

Скопје, 11 мај 2020 (МИА) –  Ставот на СДСМ е дека во средината на јуни има можност за организирање избори, рече министерот за информатичко општество и амдинистрација и потпретседател на СДСМ Дамјан Манчевски, при гостувањето во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

Според Манчевски, мора да се искористи првата можност за организирање избори.

– Што ќе правиме ако наесен имаме поголем интензитет на вирусот? Мора да ја искористиме првата можност за организирање избори. Од Комисијата за заразни болести знаат кои се кластерите и затоа тестирањето е насочено кон тие територии. Лажниот негативен тест е најопасен, а прекумерното тестирање во период на инкубација може да се создаде лажна информација дека нема заразени, наведе Манчевски.

Во однос на датумот за одржување на изборите вели дека нема да се прави ништо спротивно од она што го кажува Комисијата за заразни болести.

– Ако од одредени причини не е возможно на тој датум да се одржат, ќе го почитуваме тоа, рече Манчевски.

Сега, укажува, отежнителна околност е што немаме Собрание. – Ако подолг временски период нема избори, ќе мора да се продолжи вонредната состојба. Индициите велат ако сега има намалување на вирусот, а наесен повторно се појави, тогаш сега треба да се искористи шансата за избори. Ако решиме дека нема вонредна состојба, тогаш оваа влада треба да продолжи со роковите каде застанаа и изборите да се случат, посочи Манчевски.лв/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт