Утрински Весник
Спорт

Ливерпул нема да продолжи со тренинзите

Ливерпул можеби ќе биде исфрлен од Карабао купот

Ливерпул, 11 мај 2020 (МИА) – Англискиот фудбалски клуб Ливерпул нема да продолжи со целосни тренинзи, и покрај новите мерки на владата, откри „Ливерпул ехо“.

„Црвените“ го прекинаа масовниот тренинг доброволно на 13-ти март и ја отворија својата база во петок, но само по тројца играчи пристигнуваат во исто време, за да останат фит. Во неделата вечерта, премиерот Борис Џонсон најави укинување на некои клучни мерки и голем број сектори сега можат да се вратат на работа.

Во сегашната ситуација, секој што не е во можност да работи од дома, како што е секторот за производство и градежништво, е охрабрен да се врати на работа, рече Џонсон во обраќањето пред нацијата во неделата вечерта.

Сепак, „Ливерпул Ехо“ тврди дека Ливерпул нема да ја отвори својата база за масовен тренинг и наместо тоа ќе чека официјалниот протокол на Премиер лигата.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига