Утрински Весник
Македонија

Општина Штип почна со достава на решeнијата за данок на имот

Општина Штип почна со достава на решeнијата за данок на имот
Dik 300x250 mk

Штип, 11 мај 2020 (МИА) – Општина Штип од денеска почна со доставување на решенијата за данок на имот до граѓаните, информираше Сунчица Ѓуфтевска вработена во Општина Штип. Таа истакна дека решенијата ќе се доставуваат од страна на курирската служба, а за олеснување на доставата од оваа година општината ќе овозможи и граѓаните електронски да ги добиваат.

-Ги повикуваме сите даночни обврзини на адресата danoci@stip.gov.mk, да испратат свое име и презиме, улица и број и матчен број и е-маил адресата на којашто сакаат во иднина да ги добиваат даночните решенија. По конретни информации можат да најдат на официјалната веб страница. Ова се однесува за комуналната такса и фирмарината, изјави Ѓуфтевска.

Таа истакна дека општина веќе работи и на овозможување граѓаните даночните обврски кон општината да ги плаќаат и по електронски пат. Апелираше граѓаните да си ги плаќаат своите обврски, бидејќи со овие пари се градат нови улици, тротоари и друга инфраструктура низ населбите во градот. вдј/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тетовец со нож се заканувал на полицајци по сообраќајна кавга

Продолжи судењето за Онкологија, сведоци тврдат дека давале мито за терапија

Во казино во Аеродром 70-годишник се степал со 62-годишник